Огласи, објави и повици

🇲🇰 ПОВИК ЗА УЧЕСТВО И ПОСЕТА НА „ДАНИ БАНИЦЕ 2026“ ВО БЕЛА ПАЛАНКА, СРБИЈА 🇷🇸
Здружението „Живот“ – Куманово, како партнер од Македонија, ги повикува своите членови, соработници, пријатели и сите љубители на традиционалната храна, туризмот и добрата забава да бидат дел од јубилејната, 20. манифестација „Дани банице 2026“, која ќе се одржи од 7 до 9 август 2026 година во Бела Паланка, Србија.
Оваа голема тридневна гастрономска и туристичка манифестација нуди богата програма, натпревари, презентации на традиционални јадења, детски работилници, културно-уметнички настапи и концерти на познати музички ѕвезди.
🎤 Во концертната програма настапуваат:
- Радиша Трајковиќ Ѓани – 7 август
- Саша Ковачевиќ – 8 август
- Бресквица – 9 август
- Дејан Петровиќ Биг бенд – 9 август
🥧 Ги повикуваме заинтересираните учесници од Македонија да се пријават и во натпреварот за најдобра баница, во една од следните категории:
- традиционална солена баница
- традиционална слатка баница
- интегрална баница
- креативна баница
Натпреварот и оценувањето ќе се одржат во сабота, 8 август, а победниците ќе добијат дипломи, парични награди и пригодни сувенири.
Во недела, 9 август од 17:00 часот, ќе се одржи и презентација на странски кујни, на која Македонија ќе има можност да ја претстави својата гастрономска традиција и културно наследство.
Ова е одлична можност за заедничко патување, дружење, претставување на македонската традиција и воспоставување нови пријателства и соработки со учесници од Србија и регионот.
Заинтересираните за учество на натпреварот, презентација на македонска храна или организирана посета можат да се обратат до Здружението „Живот“.
Да ја претставиме Македонија во Бела Паланка и заедно да бидеме дел од јубилејните „Дани банице 2026“!
Организатор: Туристичка организација на Бела Паланка
Партнер од Македонија: Здружение „Живот“ – Куманово